Оние компании кои продолжуваат да ја снабдуваат Русија со полупроводници ќе бидат спречени со деветтиот пакет санкции, изјави денеска амбасадорот Џим О’Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкциите при американскиот Стејт департмент.
Претходно, од истражување на агенцијата Ројтерс и Кралскиот сојузен сервисен институт (РУСИ), се дозна дека од април до ноември годинава низа европски и азиски компании преку европски и трети земји како Турција, ја снабдиле Русија со чипови во вредност од 777 милиони долари. Деловите биле на Intel, AMD, Texas Instruments, Analog Devices и Infineon.
Во врска со ова, О’Брајан на брифингот синоќа истакна дека санкциите работат и увозот на полупроводници во Русија од јануари до септември годинава се намалил за 70 отсто, споредено со истиот период лани.
-Ние ги гледавме релевентните воени категории (на производи)… Треба да се гледа на квалитетот и за што се употребува тој увоз. Постојот производи кои се донекаде постара технологија, а која може да биде адаптирана, изјави тој,
Додаде дека „со деветтиот пакет санкции и со малку координација, ќе бидеме во можност да ги идентификуваме овие мрежи затоа што некои од снабдувачите не биле спречени со санкциите досега, но сега сме во позиција да погледне одново на бизнисите кои се обидуваат да помогнат на Русија“.