О’Мали: Пенс не е во карантин, денеска работи во Белата куќа

AppleMark

Американскиот потпретседател, Мајк Пенс, не е во карантин и планира денеска да биде во Белата куќа, изјави портпаролот Дејвин О’Мали, реагирајќи на тврдењата на медиумите дека тој е во изолација.

-Потпретседателот Пенс ќе продолжи да ги следи советите на медицинскиот тим на Белата куќа и не е во карантин. Потпретседателот секој ден има негативни тестови и планира да биде утре во Белата куќа, рече О’Мали, наведува Гласот на Америка.

Медиумите објавија дека Пенс бил во изолација надвор од Белата куќа, откако неговиот соработник беше  позитивен на тестот за коронавирус.

И Трамп и Пенс се критикувани поради тоа што не носат заштитни маски, иако тоа го препорачува Центарот за контрола на инфекции.