ЈО не отвора постапки за функционери на Заев, законот за потекло на имот е лицемерие, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Лицемерие е законот за потекло на имот, ЈО и институциите не отвораат постапки за Шилегов, Заевци и министри кои имаат имот без покритие со години. СДСМ ја потценува интелигенцијата на народот. Додека Љупчо Путерот Николовски преку фирмата на неговиот брат врти милионски  профити. Петре Шилегов додека е градоначалник со чиновничка плата направи хациенда во Маврово која во анкетен лист ја завел како имот од 55.000 евра, а и самиот призна дека истата чини многу повеќе.

Дополнително Шилегов крена два ката дивоградба и направи зграда во Тафталиџе. И сето тоа за 4 години со плата околу 1.000 евра. Парите кои ги заработил за 4 години не му стигаат ниту за едно од двата луксузи“ се вели во партиската реакција.

Заевци, вели ВМРО-ДПМНЕ, неколкукратно си го зголемија имотот. Братучедите на Заев купуваат и прават фабрики за марихуана низ државата, а името на Вице Заев  се спомнува во секој бизнис.

„Шекеринска во еден мандат се поднови со нова куќа, а Мила Царовска направи луксузна хациенда на Осогово. Функционерите на СДСМ неколкукратно го зголемија својот имот во изминативе 4 години, и тоа за многу повеќе од 30.000 евра. За голем број од нив ЈО иако има докази во изобилство не отвора истрага. Со Заев ништо нема да се смени ниту со таканаречениот закон за потекло на имот. Потребно е Заев да падне за да има правдина“, вели опозицијата.