Основното јавно обвинителство Скопје е во постојана комуникација и размена на податоци со Институтот за судска медицина. Обдукцискиот наод се уште не е изготвен и доставен до обвинителството. Дејствијата на сите инволвирани се предмет на истрага во моментов за што секојдневно се прибираат вербални и материјални докази кои меѓусебно се споредуваат. Јавното обвинителство апелира во текот на истрагата да не се шират непроверени информации кои можат да наштетат на постапката, но и дополнително да ја вознемират јавноста, велат од ОЈО Скопје.
Малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кои беа пријавени за исчезнати на 27-ти односно 24-ти ноември беа пронајдени мртви во близина на Велес и Скопје на 3-ти декември.
За нивното убиство засега се осомничени шест лица, од кои пет се во притвор, а првоосомничениот се чека да биде екстрадиран од Турција.