![pari akcija mvr dea](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/09/pari-akcija-mvr-dea.jpg?resize=599%2C805&ssl=1)
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Изнуда по член 258 став 1 во врска со член 22 од Kривичниот законик.
Двајцата браќа од скопско Ржаничино, на возраст од 27 и 22 години, како соизвршители, во временскиот период од 5 јуни до 31 август, на различни локации во Скопје со употреба на сериозна закана по живот кон еден оштетен и неговото семејство му изнудувале парични средства за наводен долг. Заканувајќи се, тие кај оштетениот предизвикале чувство на несигурност и страв и го принудиле да им даде дел од бараните пари.
Јавниот обвинител за двајцата осомничени достави прeдлог за определување мерка притвор, оценувајќи дека постојат законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз сведоците и соучесниците и можност да го повторат делото.