О Саливен: Жени судии да им судат на жените, оти мажите не ги разбираат

Легендата на снукерот, Рони О’Саливен одамна е заштитно лице на овој спорт и единствен феномен, кој секогаш изненадува со своето харизматично однесување и изјави. Овој пат беше „брилијантен” во Шангај.
О’Саливен во финалето на Мастерсот во Шангај го победи сонародникот Бери Хокинс со 11:9 во фрејмови, и така стана првиот снукер играч во историјата кој ја преминал „границата” од десет милиони фунти заработени исклучително од турнирите.

Славниот Англичанец во Шангај ја одбрани титулата, заработи 200.000 фунти, освои трофеј за триумфот, како и уште еден за највисок резултат во брејкот, но двата трофеи веднаш по случаен избор ги даде на децата присутни во публиката.

Популарниот „Ракета“ исто така беше во фокусот на кинеските медиуми откако го коментираше случајот на Серена Вилијамс и судијата Карлос Рамос од неодамна завршениот УС Опен.

Можеби жените судии би требало да ја делат правдата на натпреварите во женска конкуренција. Тие разбираат како жените размислуваат. Мажите може би требало да им судат само на мажите. Тоа е она што го помислив додека играше Серена. Мажите и жените се различни. Поинаку размислуваат. А мажите навистина не ги разбираат жените, изјави О’Саливен.