Шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Анвар Гаргаш, смета дека присуството на турската армија во Катар претставува елемент на нестабилност во Персискиот Залив и придонесува за продлабочување на негативната поларизација.
Покрај поддршката на различните фракции во либискиот конфликт, ОАЕ и Абу Даби од 2017 година го бојкотираат Катар и бараат официјална Доха да ја затвори својата турска воена база.
-Освен продлабочување на поларизацијата, военото присуство на Турција во Персискиот Залив е итен проблем, бидејќи не се зема предвид суверенитетот на земјите од Персискиот залив и интересите на нивните граѓани, истакна шефот на дипломатијата на ОАЕ, пренесен од британските медиуми.
Доха ги негира обвинувањата на ОАЕ и одговара дека притисокот од земјите од Заливот го нарушува суверенитетот на Катар.