Јоаким Лев: Мора добро да се подготвиме за мечот со Македонија

По лесната победа против Лихтенштајн (5:1), сега на Македонија и претстои гостување во Германија, каде ќе имаме вистински тест за тоа до каде сме подготвени за ЕП.

Селекторот на Германија, Јоаким Лев најави неколку промени во нивниот репрезентативен табор. Новост е што во составот се враќа голманот на Барселона, Тер Штеген.

За прашањето околу квалитетите на Македонија селекторот на Германија изјави:

„Тие имаат добри фудбалери на сите позиции. Мора добро да се подготвиме за Македонија, да покажеме дека сме поквалитетна репрезентација. Ќе пристапите на натпреварот со скоро ист состав како и со Романија, единствено се враќа Тер Штеген на голот“, порача Јоаким Лев.

Натпреварот Германија – Македонија се игра утревечер со почеток од 20:45 часот.