ОАР потврдија „саботажи“ на четири бродови

FILE - In this Sept. 21, 2016 file photo, an oil tanker approaches to the new Jetty during the launch of the new $650 million oil facility in Fujairah, United Arab Emirates. The United Arab Emirates said Sunday, May 12, 2019 that four commercial ships near Fujairah "were subjected to sabotage operations" after false reports circulated in Lebanese and Iranian media outlets saying there had been explosions at the Fujairah port. (AP Photo/Kamran Jebreili)

Обединетите Арапски Емирати предупредија во неделата дека се изведени саботажи на четири трговски бродови во поморските води на емиратите во Персискиот залив, но не е прецизиран карактерот на тие напади, ниту кој ги извршил.

„Четири цивилни товарни бродови кои пловат под знамињата на различни земји, во неделата утрото биле цел на саботажи во ексклузивната економска област на Емиратите“, на истокот од емиратот Фуџејра, наведе министерството за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати во соопштенитето кое го цитира службената новинска агенциај WАМ. Во инцидентите немало настрадани на бродовите, додал истиот одбор и истакнал дека немало истекувње на горива ниту на опасни хемиски супстанции.

„Саботажите на трговските и цивилните бродови и заканите по животите се тешки прекршоци“, додава министерството кое информира и дека е отворена истрага во соработка со локалните и меѓународните тела. Дипломатијата на ОАР ја повикува меѓународнодната заедница да преземе мерки во нејзината надлежноста за да се спречат ваквите настани чија цел е да се загрози безбедноста на пловидбата.

Малку претходно во неделата владата на емиратот Фуџајра, еден од седумте емирати на ОАЕ сместен во близина на прометниот Ормуски теснец, објави соопштение со кое ги негираше медиумските информации за експлозии во пристаништето ал-Фуџејра. Либанската телевизија Al Mayadeen, блиска на шиитскот движење Хезболах, биле нападнати седум нафтени танкери. Според подоцнежната информација на либанската телевизија, седумте танкери биле целосно изгорени, а пожарникарите сѐ уште се обидувале да го изгаснат пожарот. Во прилогот на Al Mayadeen не се наведува што ги предизвикало експлозиите или пожарот.

Корисници на социјалните мрежи, пак, објавуваа во текот на денот дека американски и француски авиони од недореден вид и модел го надлетувале пристаништето. Портпаролот на Петтата флота на американската воена морнарица, чие седиште е во Бахреин, на прашање на агенцијата Reuters рекол дека нема коментари.