По завршувањето на крвавиот поход, убивајќи ги Низамa Хеќимовиќ, Џенгиз и Денис Ондер и ранувајќи ги Харис Ондер, Недим Памуковиќ и еден полицаец, Нермин Сулејмановиќ возел до бензинската пумпа со БМВ-то на Џенгиз и наполнил полн резервоар гориво, открива „Аваз“.
-Кога ставил гориво, преку затворената врата влегол на бензинската пумпа, па ја скршил и зел литар вода. После тоа се упатил кон фармата, изјави сведокот.
Како што дознава „Аваз“, работникот кој бил просутен на бензинската пумпа се „замрзнал“ од страв.
– Човекот „умре“ од страв. Тој не зборува. Нормално, можете само да замислите како изгледал Сулејмановиќ откако уби толку луѓе, вели сведок.