Објавен идентитетот на убиецот на Милан Лончар – извршител на две злосторства ослободен со кауција

Дваесетгодишниот Дејвис Џозефус е обвинет за убиството на Милан Лончар, момчето со потекло од Србија, кое беше дипломец на универзитетот Темпл.

Претходно, полицијата во Филаделфија, сооопшти дека е уапсен осомничен за убиството, како и дека се идентификувани сите учесници во нападот.

Лончар беше убиен во средата вечер додека го шетал своето куче во близина на својот дом во населбатаб Бруеритаун.

Снимки од безбедносните камери покажуваат како двајца осомничени се приближуваат до момчето и се обидуваат да го ограбат, по што пукаат во него и бегаат.

Лончар успеал да повика помош, но половина час подоцна починал во локална болница.

Осомничениот Џозефус е уапсен откако полицијата во потрага по украден автомобил запрела „Форд фокус“, во кој се возел обвинетиот.

Истрагата утврдила дека Џозефус ја носел истата облека како и осомничениот кој пукал во Лончар.

Убиениот Милан Лончар, кој има српско потекло, израснал во Вејн. Дипломирал инженерство на универзитетот Темпл  во 2019 година и работел за градежна компанија, пишува РТС.