Објавен рејтингот на претприемачи кои се збогатија од растот на криптовалутите

Основачите на берзата за криптовалути Gemini, браќата близнаци Камерон и Тајлер Винклвос, со по 1,4 милијарди долари засебно се најбогатите претприемчи на овој пазар, а тоа се темели на рекордниот раст на криптовалутите, процени во вторникот магазинот Forbes.

На второто место од оваа листа е коосновачот на стартапот Bloq, Метју Розак, со криптовалутата актива во еквивалент од 1,2 милијарди американски долари. Третата позиција ја зазема членот на инвестициската династија на Силиконската долина, Тим Дрејпер, чијашто актива во криптовалута е проценета на 1,1 милијарди долари.

Четврт на листата е финансискиот директор на компанијата „MicroStrategy“, Мајкл Сејлор со богатство во криптовалута од 600 милиони долари, а петти е основачот на компанијата „Galaxy Investment Partners“, Мајк Новограц, чие богатство Forbes го проценува на 478 милиони долари.

Првата шесторка ја затвора Виталик Бутерин, творецот на втората најпопуларна криптовалута Ethereum. Во моментов неговото богатство се проценува на 360 милиони долари.

Како што забележува Forbes, според податоците од аналитичкиот сервис Messari, кој е специјализиран за пазарот на криптовалути, во моментов сите криптовалути кои се во оптек вредат повеќе од 920 милијарди долари, а на 8-ми јануари овој показател достигнал приблиќно трилион американски долари.

Последните месеци крусот на биткоинот забележа рекорден раст. На 8-ми јануари, цената на биткоинот надмина 41.000 долари, со што го надмина својот историски максимум.