![Povik-za-popis-2021--1536x1081](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/03/Povik-za-popis-2021-1536x1081.jpg?resize=696%2C490&ssl=1)
Клучните податоци за населението, домаќинствата и становите од Пописот 2021 од сега се достапни и во првата публикација под наслов: „Вкупно резидентно население, домаќинства и станови во Република Северна Македонија, Попис 2021“.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, по обработката на податоците и објавувањето во сетови, во првата публикација од Пописот 2021 преку 22 табели, графикони и други визуелизации, на едно место може да се најдат социоекономски податоци за основните единици на Пописот – лицата, домаќинствата и становите – на ниво на целата држава, но и по општини.
Публикацијата е подготвена со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.
Со објавувањето на публикацијата Државниот завод за статистика се приклучува кон одбележувањето на 20 Октомври – Европскиот ден на статистиката кој годинава се одбележува под мотото „Статистиката – алатка за разбирање и поврзување на општеството во потрагата по вистината“.
Публикацијата е достапна на следниот линк: https://www.stat.gov.mk/InfoGraphic/2022/POPIS_DZS_web_MK.pdf