Објавени добитниците на државната награда „22 Ноември“

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ на седницата одржана на 16.10.2024 година донесе одлука за доделување на државната награда „22 Ноември“ за 2024 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои дале свој придонес  во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија.

Наградата „22 Ноември“ за остварувања во областа на политичкиот, културниот и општествениот живот како и за придонес  во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во Република Северна Македонија им се доделува на:

–  проф. д-р Авзи Мустафа, педагог

–  проф. д-р Африм Османи, универзитетски професор

Претседател на Одборот за доделување на наградата „22 Ноември“ е Решат Амети.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на  22 ноември 2024  година (петок) во 11 часот во Собранието на Република Северна  Македонија.