Објавени документи за офшор операции во кои се сомничат светски политичари

Меѓународниот конзорциум за истражувачко новинарство (ICIJ) објави во неделата извадоци од приближно 11,9 милиони документи со податците за офшор сметки на голем број светски политичари, според веб-страницата на органзацијата со седиште во Вашингтон, а досието е насловено како „Pandora Papers“ (Пандора документи).

Банкарските сметки на офшор локациите често пати се користеле за тајно преместување огромни суми пари и прикривање на даночните обврски.

Во објавата за јавноста, се наведува дека документите пдаваат информаии за повеќе од 130 милијарди од 45 земји, од кои 45 се од Русија. Од организацијата истакнуваат дека документие се однесуваат на повеќе од 330 политичари и високи функционери во повеќе од 90 земји во светот, вклучително и челници на 35 држави.

„Досието вклучува амбасадори, градоначалници и министри, советници на претседатели, генерали и шефови на централни банки“, се наведува во објавата и се додава дека во ICIJ добиле „2,94 терабајти доверливи информаци“ од 14 компании за финансиски услуги ширум светот кои работат во офшор зоните.

Меѓу звучните имиња чии финансиски конструкции се откриени се поранешниот британски премиер Тони Блер, кралот на Јордан и кенискиот претседател Ухуру Кенијата, чешкиот премиер Андреј Бабиш, украинскиот претседател Владомир Зеленски, мароканската принцеза Лалја Хасан…. мМеѓу нив се министрите за финансии на Пакистан, Холандија и Бразил, како и поранешните министри за финансии на Малта и Франција – вклучувајќи го и поранешниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Строс -Кан.

Во исрагата биле вклучени околу 600 новинари ширум светот меѓу кои и од The Washington Post и The Guardian, соопшти организацијата, а открила дека десетина шефови на држави и влади, милијардери но и светски музички ѕвезди, криеле милиони средства на тајни офшор сметки во даночните раеви.

Во арил 2016 година ICIJ објави податоци од 11,5 милиони документи со податоци за офшорд сметки на голем број сегашни и поранешни светски лидери, влијателни политичар, како и претприемачи, спортисти, менаџери. Тие извештаи беа познати како „Панамски документи“, според изворот на протекување односно поранешен вработен во „Mossack Fonseca“, панамска компанија која пружа правна поддрпја при регистрациа на фирми во ткн даночни раеви.