Италијанскиот весник „Тутоспорт“ ги објави имињата на 20 фудбалери кои влегоа во потесниот избор кандидати за наградата „Голден бој“ која се доделува за најдобар млад фудбалер во светот.
Во конкуренција за наградата се Карим Адејами и Џад Белингем од Борусија Дортмунд, Ансу Фати, Гави и Педри од барселона, Рајан Гравенберх, Џамал Мусијала и Матијс Тел од Баерн Минхен, Антонио силва (Бенфика), Едуардо Камавинга (Реал). Фабио карваљо (ливерпул), Вифрид Гнонто (Лидс), Јошко Гвардиол (лајпциг), Фабио Мирети (Јувентус), Нико (Валенсија), Нуњо Мендеш (ПСЖ), Џорџо Скалвини (Аталанта), Бенјамин Сешко (Салцбург), Дестини Удоги (Удинезе) и Никола Залевски (Рома).
Наградата се доделува на фудбалери под 21 година.
Признанието беше воведено во 2003 година, кога прв лауреат беше Холанѓанецот Рафаел ван дер Варт.