Американската академија за филмски уметности и науки ги претстави новите стандарти кои треба да ги задоволуваат филмовите кои претендираат на Оскарот во катергоријата „Најдобар филм“.
„Време е за промени. Ги објавуваме новите стандарди на репрезентативност и инклузивност коишто ќе треба да бидат исполнети за номинација во категоријата ‘Најдобар филм’, почнувајќи од 96-то издание на Оскарите“, се наведува во соопштението.
Според тоа, од 2024 година филмовите ќе мора да исполнуваат најмалку два од четирите нови критериуми. Новите правила ја одредуваат процентуалната застапеност или бројот актери, режисери и други професионалци вклучени во производството на остварувањето, во согласност со нормите за инклузивност.
На пример, најмалку еден од толкувачите на водечките или поважните споредни улоги мора да биде од недоволни расно или етнички застапена заедница. Вториот можен критериум е најмалку 30 проценти од споредните улоги да ги играат претставници на ЛГБТ заедницата, на расните или етничките групи, жени или лица со попреченост. Авторите на филмот, исто така, пожелно е според овие ппрописи, главната прикаказна да ја посветат на споменатите категории лица.
Другите критериуми се однесуваат на неопходниот минимален број претставници на претходно наведените групи лица меѓу оние кои се ангажирани на производството на филмот или неговата промоција.
Авторите на филмовите кои ќе претендираат за номинација за Оскарот во оваа категорија се охрабруваат да ангажираат за плата одреден број стажисти или обуки за жени, ЛГБТ лица, и припадници на расните или етничките малцинства.