Објавени правилата за соочувањето меѓу Бајден и Трамп на 27-ти јуни

Американската телевизија CNN ги објави правилата на дебатата на која се согласија кандидатите на претстојните претседателски избори, актуелниот американски демократски претседател Џозеф Бајден и поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, која ќе се одржи на 27-ми јуни.

И двајцата претседателски кандидати ќе се појават на подиум кој ќе изгледа исто, а кој ќе им биде доделен со фрлање паричка, јави CNN.

Модератори на дебатата, која ќе се одржи во Атланта, во сојузната држава Џорџија, ќе бидат водителите на телевизиската мрежа Џејк Тапер и Дејна Беш, а Трамп и Бајден за време на дебатата ќе имаат само хартија, пенкало и шише вода.

„Микрофоните на кандидатите ќе бидат исклучени за време на дебатата, освен кога ќе им дојде редот да зборуваат, соопшти CNNн, додавајќи дека модераторите „ќе ги користат сите расположливи средства“ за да обезбедат навременост и цивилизирана дискусија.