Светската спортска јавност вечерва е погодена од вестите за несреќа во Калифорнија во која животот го загуби Коби Брајант. Легендата на ЛА Лејкерс почина кога хеликоптерот со кој патувал се сруши во Калабасас.
Медиумите од САД сега откриваат повеќе детали и пренесуваат дека во хеликоптерот била и една од неговите ќерки, 13 годишната Џиана Мариа. Оваа информација најпрво ја соопшти ТМЗ а подоцна ја потврди и добро упатениот новинар на ЕСПН, Адријан Војнаровски.
Извештаите велат дека Коби Брајант заедно со Џиана тргнале на натпревар, а со нив биле уште еден играч и нејезиниот родител.
Sources: Kobe Bryant was on his way to a travel basketball game with his daughter Gianna when the helicopter crashed. Those aboard the helicopter also included another player and parent.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) January 26, 2020