Американскиот претседател Барак Обама повтори дека претседателот на Сирија Башар ал Асад мора да си замине од власт за да биде поразена исламската група.
Еден ден по конфликтот со рускиот претседател Владимир Путин, за тоа како да се разреши сириската криза, Обама вчера во Обединетите нации одржа состанок за борбата против тероризмот и говореше за воздушната кампања против ИД во Ирак и Сирија.
Во Сирија, за победа над ИД, верувам дека е потребен нов лицер, изјави Обама на маргините за заседавањето на Генералното собрание на ОН, пренесува Танјуг.
Русија на тој состанок испрати свој дипломат од понизок ранг, откако Путин во говорот повика на поширока коалиција во борбата против ИД, во која би била вклучена и сириската армија.
Обама рече дека САД се подготвени да соработуваат со Русија и Иран, во пронаоѓањето политички механизам што би овозможил почеток на транзицискиот процес.
САД веќе долго инсистираат на тоа дека Асад мора да си замине, но Обама не кажа директно дали сирискиот лидер би можел дља биде вклучен во транзицијата при што би имал преодна улога.