Обама бара од конгресот 500 милиони долари за обука и опрема на сириските бунтовници

Американскиот претседател Барак Обама побарал од Конгресот на САД да одобри 500 милиони долари за обука и опрема на умерените бунтовници во Сирија, соопшти Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека групите, што ќе добијат поддршка, ќе бидат претходно проверени, со цел да се гарантира дека опремата нема да падне во раце на непријателите на САД.

Обама се најде под силен притисок од некои членови на Конгресот да покаже поголема поддршка за сириската опозиција, што се бори за смена на режимот на Башар ал Асад.