Обама беше домаќин на ифтар во Белата куќа

Американскиот претседател Барак Обама синоќа беше домаќин на годишната вечера во Белата куќа, по повод светиот муслимански месец Рамазан, пренесува БТА.

Ифтарот се одржа во Источната сала на Белата куќа, а Обама истакна дека независно од верата, луѓето во САД се едно и исто семејство.

На вечерата присуствуваа околу 40 членови на дипломатскиот кор и членови на Конгресот.