![100305130](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/04/100305130.jpg?resize=675%2C310&ssl=1)
Американскиот претседател Барак Обама денеска изјави дека објавувањето дека меѓународни политичари и моќни безнисмени криеле пари во компании кои служеле како параван за финансиски малверзации покажува дека избегнувањето на данок е глобален проблем.
Тој наведе дека богати поединци и корпорации „манипулираат“ со системот користејќи ги дупките во даночниот закон, до кои обичните даночни обврзници немаат пристап.
Обама истакна дека американските компании кои се спојуваат со странски фирми само за да ги намалат своите порески обврски не го плажаат својот дел за користењето на бенифитите од американската економија.
Министерството за финансии на САД вчера ги заостри прописите против деловните решенија со кои на американските компании им се овозможуваше да се спојат со странски фирми и да ја префрлат официјалната адреса во офшор зоните со цел да избегнат плаќање на данок на американските власти иако всушност остануваа да работат во САД.