Претседателот на САД, Барак Обама денеска изјави дека меѓународната заедница ќе продолжи да биде обединета во отпорот против нападот врз суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од страна на Русија, пренесе „АФП“.
„Продолжувањето на руската воена интервенција во Украина само ќе ја влоши дипломатската изолација на Русија, а нејзината економија ќе настрада уште повеќе“, предупреди Обама ден по позитивниот гласање за влезот на украинската република Крим во составот на Русија.
Според Обама, кризата може да се реши преку враќањето на руските сили во базите во Крим обезбедување на поддршка кон набљудувачите во Украина и воспоставување на дијалог меѓу Москва и Киев.