Американскиот претседател Барак Обама изјави дека Русија е нација која ништо не произведува па оттука Западот треба да биде со цврст став свртен кон Кина, додека Пекинг се обидува да добие поголема улога во светската економија.
Обама изјави дека улогата на рускиот претседател Владимир Путин во светот не е толку голема и дека тој како лидер прави краткорочни проблеми заради политичка придобивка што долгорочно може да и нанесе штета на Русија.
„Сметам дека е важно да се биде објективен. Русија не произведува ништо. Имигрантите на трчаат во Москва во потрага за подобар живот. Просечниот животен век на мажите во Русија е околу 60 години. Бројот на жители се намалува,“ изјави Обама во интервју за Економист.
Зборувајќи за „регионалните предизвици“ на Русија, американскиот претседател изјави:
„Мораме да се погрижиме да не ескалираат дотаму за нуклеарното оружје повторно да се врати во надворешнополитичката расправа.“