Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе ја прошири воената кампања против борците на екстремистичките групи на Исламската држава, напаѓајќи од воздух „каде и да се наоѓаат“ .Обама навести дека проширување на кампањата ќе се спроведува долж ирачката граница до целите на Исламската држава во Сирија.
Ова американскиот претседател го изјави по повод 13-годишнината од нападот на САД која се одбележува денеска на 11 септември.
„Нема да се размислувам дали да дејствувам протв Исламската држава во Сирија како и во Ирак,“ изјави Обама во својот говор пред нацијата.
Тој не даде временска рамка за напади на радикалните исламистички милитанти.
„Нашата цел е јасна, да се ослабне и на крај да се уништи Исламската држава,“ продолжи Обама во неговиот говор.
Иако потполно ја исклучи копнената инвазија, Обама потврди дека во Ирак испраќа дополнителни 475 воени советници за да им помогнат на ирачките и курдските сили за безбедност. Со тоа бројката на американска војска ќе порасне на 1600.
Обама исто така изјави дека новата воена кампања ќе се потпре на акцијата која со години ја спроведуваат против исламистите во Јемен и Сомалија и дека темелно ќе биде различна од војните во Авганистан и Ирак кој ги покрена неговиот претходник орџ Буш.
Агенцијата АП потсетува дека САД со години ги напаѓале тие две земји со беспилотни летала.