При обдукцијата на колената на Јелена Марјановиќ (33) биле забележани неколку ситни огреботини за кои што претпоставуваат дека настанале додека била жива, пишува Ало.рс.
Една од претпоставките е дека таа клечела додека убиецот ја удирал со тап предмет во главата, што било утврдено и врз основа на положбата на раните.
По се судејќи жртвата го молела убиецот да ја поштеди и да ја остави жива. Како што покажала обдукцијата, најверојатно уште петтиот удар во главата бил смртоносен. Освен овие удари и едвај забележителните огреботини на ногата, таа нема други повреди, што може да укаже на тоа дека таа го познавала убиецот и дека се се случило брзо, па не успеала ниту да се одбрани, а ниту да побегне. Самиот чин на убиството траел десетина минути, што засега ја побива претходната теорија дека е убиена на насипот, вели извор близок на истрагата за Ало и објаснува:
Убиецот не би се осмелил среде бел ден, на некоја ливада, каде можат сите да го видат да удира жена во главата. Јелена е веројатно убиена во некоја просторија затоа што на насипот не е неајдена нејзина крв, а од толку удари, би морало да има, објаснува соговорникот.