Обединети гробари, против ЕУ и НАТО

Крај на колумната

За жал, денес Македонија е заложник на ликови, како што е и министерката Шукова, којашто, за жал, не само што од рудници не знае ниту „р“, туку како по Павлов рефлекс е анблок против рудници. И тој свој став упорно го брани по медиумите. А јас, не би бил Виктор ако не би сакал на ТВ дуел, ем да ја критикувам, ем да ѝ помогнам да не тресе зелени. Не заради друго, туку заради тоа што им посакувам добрина и на моите, но и на сите други деца во Македонија.

Еве, конкретна понуда до неа. Подготвен сум во интерес на иднината на сите граѓани да ѝ ги расветлам сите нејзини и заблудите на нејзината Влада, која под притисок на лажни еко-активисти се пишмани. Нека избере ТВ станица која ја покрива терестријално целата територија на Македонија, нека дојде ако треба и со сите вработени во министерството, а јас ќе дојдам сам. Ама со книгата на Ванчо Чифлиганец под мишка. Да поразговараме за рударството во минатото, сегашноста ииднината на Македонија и за нејзината компарација за рудниците дека се тешка металична индустрија. Еве, и од старт најавувам каде ќе ја критикувам. Прво ќе почнеме со 8-те стадиуми за отворање на рудник. Нека знае каде ќе ја потфатам на прва. Баш за 8-от. За пошумувањето на рудникот.

Нека собере храброст и нека повели. За другите делови само сум разочаран една министерка за животна средина да не ја разбира следнава поента на Иво Андриќ: „Чудно е колку малку ни е потребно да бидеме среќни и уште почудно е како баш тоа малку недостасува.“

Да живее Македонија!

Почеток на колумната

Македонија може да напредува само со комплетна индустријализација и така да ја сопре сопствената економска пропаст. Апсолутно ги разбирам ликовите кои од клиентелистички побуди прифаќаат лажно да се претставуваат како Еко активисти кои се свесни или несвесни дека всушност одработуваат за економската пропаст на државата, туку ми е многу криво што во високите позиции во општеството на различни политички власти во последниве 15 години има луѓе кои свесно работат на финансиско разнебитување на Македонија. Сакаат едноставно да нѐ стават во стечај. И овие скриени личности ви се претставуваат како академици, професори, политичари, аналитичари, новинари итн, а впрочем се „Сеачи на страв“. Играат на картата емоција. А емоцијата е најбитната алатка во Македонија од која излага несекојдневниот израз познат само за овие простори: ИНАЕТ.

Морам да признаам, мошне умно. Ама инаетот има две страни. Е на едната страна сум јас и оние кои промовираат Индустријализација преку Металургија која ќе го користи своето природно богатство на металична руда во вредност од 18 милијарди евра и ќе го зголеми преку екстрактива и преработувачка металургија на 70 милијарди евра. Има да се направи инвестициски фронт за производство до последен штраф, а ископан и истопен во Македонија.

За жал, моменталната вистина е следна, а ние нормалните ќе ја смениме.

Иво Андриќ некогаш кажал: „Од своето потекло и детство не може лесно да се побегне“. Така и една г-ѓа Милена Зафирова, која вели за себеси дека е еко-активист на некоја организација, заборава дека вистината е шило. – Ова последново морав да го кажам зошто ми става на товар дека Никола Груевски ме инспирирал за моите рударски текстовим и тоа финансиски. – За Милена мене ми е многу жал што не јапримиле во рудникот Иловица-Штука каде аплицирала како археолог. Исто така, ми е жал што нејзиниот татко е на многу слики со некогашниот директор Стив Шарп на Иловица-Штука и сега не е ангажиран.

Исто така, многу ми е жал и затоа што на оваа девојка „ѝ вадат“ муабет за следниве работи, за кои ѝ должи одговори на јавноста, особено на оние искрени луѓе кои со умисла се оставени да живеат во страв дека некој навистина ќе ги труе нив и нивните деца:

1. Дали организирала протести и плаќала по 1.500 денари и сендвич?
2. Дали собирала пари од оние кои во туѓина со тешки маки го вадат лебот и наводно
после ги трошела на разни туристички дестинации?
3. Точно ли е дека нејзината мајка била директор во некое комунално претпријатие
(Огражден, во Општина Босилово)?
4. Дали е вистина дека во истото претпријатие направила штета од 300.000 евра?

И, не ми е жал само за неа, туку и за другите. Еве, Анџел Наков ја бранел Гевгелија. Па тој е виц. Наводно реализирал гринфилд инвестиција од 19,1 милиони евра, ама почнала стечајна постапка во траење од 7 години за долгови во вредност од 3 милиони евра. Доверителите со стечаецот Макревски го продале договорот за 350.000 евра и, види чудом Анџел вика: Алал да им е, и јас се сложувам и само да кажам дека мора веднаш да исплатат 2 милиони за столбовите и жичницата. Чуден домаќински пристап, нели?

И веднаш, Владата е крива! Не му го направила патот зошто ќе се отвораат рудници. Анџел облече одора на жртва. А зошто поранешниот директор на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов вели дека во „Ски Кожув“ сѐ се правело „на ура“, „на ѓутуре“, без да се седне со стручни лица итн?

Изгледа дека со Борко Андреев како поранешен министер за стопанство од ДА на Васил Тупурковски ќе имаме одличен разговор на тема: Анџел Наков. Сега ќе го боли, ама така е кога не размисли подобро пред да пласира грст навреди кон оние кои мислат поинаку.

Овие познаниците кои во една од претходните мои колумни ги споменав, кои живееле во Русија и многу добро ги познаваат тамошните околности, во неврзан разговор, ми велатбима едно златно правило кое мора да го знаат сите што си фатиле работа со нив. Можеш да им ветиш на Русите дека ќе исполниш една задача, може и пари однапред да им земеш, ама ако се дрзнеш да ги излажеш и да не го испорачаш ветеното, е тогаш има да има сериозни последици. Додека не се порамнат Русите не престануваат! Нека му ја мислат овие лажните еко-активисти. И да не се чудите што панично се поставуваат рокови во кои Владата според нив ќе морала да ги одземе концесиите за рударскиот комплекс Иловица – Штука. Им гори под нозете.

Како и да е, мене ме интересира само една работа. Наредбодавците на т.н екологисти
мора да бидат разоткриени зошто зад тоа стојат финансиски и политички интереси.
Овие интереси кочат сериозен финансиски развој кој можеме да го исполниме само преку западните сили. Источните се заглавени во Сан Стефанскиот договор.

Кои се финансиските интереси. Многу едноставно е, ако ја читаш нормално стратегијата на МАНУ и книгата на Ванчо Чифлиганец која е со мотото: „Можеш и ти, само делата се вистина“,  разбираш кој зборува вистина,а кој лаже. Дел од МАНУ избира да манипулира во корист на Бучим, а Чифлиганец си ја кажува вистината.

Ај компарациите да идат вака. Прво со Чифлиганец, па со делот од МАНУ.
Во своите сведоштва Чифлиганец навел како поделил К-15 на рударите за да можат да
одат на одмор. Испратил свои луѓе од доверба (Лазе и Дени) во топилницата Бор, да
земат 2 прачки злато од по 12 и пол килограми. И додава: „Наше бучимско злато“ и тоа во трезорот на „Голд Мак“. И откако премиерот Никола Кљусев донел одлука македонското злато да остане во РМ, бучимските рудари го произвеле првото злато за трезорот наНБРМ и ја произведувале ………! Златото регуларно платено од Народна банка.

МАНУ во својата „Стратегија за геолошко истражување и одржливо истражување и
експлоатцаија на минерални суровини во Македонија од 2025/2045“ вели дека „БУЧИМ Е РУДНИК САМО ЗА БАКАР“. Ова не знае да го напише Коцарев, Беџети, Камбовски, Таки Фити итн, ова може да го напише само Блажо Боев, дописен член на МАНУ, професор по геологија (петрологија, геохемија и минерологија), професор и ректор на Универзитет Гоце Делчев во Штип.

Па добро, бре, Блажо, каде е златото? Да не исчезна случајно? Еве му предлагам на „Блажо Академико“, заедно со неговиот школски другар до 8-мо одделение, а мене еден од најомилените професори и поранешен декан на ТМФм проф. Др Александар Димитров (меѓу сите металурзи, студенти или инженери, познат како Аце Брада) да го извадиме уредот („Атомецот“) за мерење и да утврдиме заедно каков е составот на метали во концентратот што се изнесува од Рудникот Бучим, ама и Боров Дол? Во ова испитување задолжително да учествува Државниот пазарен инспекторат? Да ја направиме контролата во следниве 365 дена.

Стратегијата на МАНУ и поврзаноста на „Блажо Академико“ ќе ја образложам во некои од следните колумни.

Туку, се јавува уште една манипулација поврзана со рудниците, а која во
народен стил во својата монографија ја открива сосема случајно Ванчо Чифлиганец.
Таа оди вака: Според МАНУ, во Бучим досегашните испитувања покажуваат дека постоел пренос на прашина само во непосредна близина на рудникот и јаловиштето. И сега најдобриот дел. Токму кога дошол Солвеј Инвестмент Групација, истата вложила,
замислете, 78 милиони евра за заштита на животната средина преку модернизација на
технолошкиот процес за експлоатација. И, внимавајтем еден од најголемите потфати е
пошумувањето на јаловиштето.

Овој дел во стратегијата јас слободно ја толкувам вака, на јазикот на лажните еко
активисти: Само рудникот Бучим, инаку инвестиција на нашата „мајка“ Русија ги има сите заштитни механизми за животната средина и со тоа има монопол на напредна
технологија, што секако не можат да ја имаат и други наоѓалишта. Затоа Бучим мора да е доминантен играч и во новите рударски капацитети или тие не смеат да се изградат. Затоа, Македонија како нејзина рударски посвоена „ќерка“ мора да ги исполни Руските финансиски и геостратегиски интереси.

Навистина се чудам како една ваква научно-образовна институција може да манипулира во корист на држава која не сака да ја види Македонија во Евро-атлантските структури.

Ова не е за срамење ова е за директен интерес на соодветни разузнавчки и обвинителско-судски институции.

Други вмешани. Врати се на почетокот.

Некорумпиран колумнист

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес