Обединетите Арапски Емирати најавиле план кој во рамките на „Националната програма за програмери“ понудат 100.000 златни визи на програмери, за да ја зајакнат својата економија и за да отворат голем број работни места во технолошкиот сектор.
Емиратите златните визи ги нудат на талентирани програмери од кој било крај на светот, објавено е на сајтот Startita.
Златните визи, обезбедуваат долготраен престој, а ќе ги добијат програмери, претприемачи, сопственици на претпријатија и стартапи кои се занимаваат со програмирање. Идејата на програмата е да зајакне економијата.
Покрај ова, Емиратите планираат да основаат 1.000 компании кои ќе учествуваат во процесите на дигитална трансформација на државните и на економските системи.
Планот е започнат во соработка со одделни технолошки гиганти меѓу кои се Микрософт, Гугл, ИБМ, Циско, Амазон, Фејсбук, Нвидиа, Линкедин, ХПЕ и други, кои би требало да ги обучуваат луѓето. Целта е што повеќе да се финансираат стартапи и да се зголемат вложувањата.
За виза може да се пријават луѓе од сите националности и старосни групи.
Меѓудругото се бараат софтверски инженери, инженери од електротехника, како и стручњаци од областа на вештаќка интелигенција и дата сајенс.