Обединетите нации бараат ограничување од 100 км/ч на автопат и 30 во населени места

30 во град, 100 на автопат

Согласно планот за намалување на бројот на настрадани во сообраќајот, Обединетите нации бараат порестриктивни мерки за зголемување на безбедноста.

Тие во своите цели за деценијата 2021-2030 имаат зацртано да влијаат на националните законодавства да ја ограничат брзината на возење во населени места на 30 km/h, на отворен пат на 80, а на автопат на максимални 100 km/h.

Ова посебно се однесува на земјите во развој каде вложувањата во сообраќајната инфраструктура се мали, така што ако не може да се влијае на безбедноста со поквалитетни патишта, тогаш тоа да биде со брзината.

Според нивните анализи, порастот на сообраќајните несреќи е поголем во земјите со пониски приходи.