Обединетите Нации подготвени да испратат дополнителна помош на Балканот

Генералниот секретар на Обединтетите Нации, Бан Ки Мун, информираше дека Светската организација е подготвена да прати дополнителна хуманитарна помош за настраданите од поплваите во Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Доколку тоа биде побарано од нив.  Бан Ки Мун додава дека на локалното население во моментов најпотребни им се лекови, флаширана вода и други основни намирници.

ОН и нивните партнери тесно соработуваат со државните власти, поддржувајќи ги напорите на координирање и проценката на штетите, како и давајќи помош и опрема.

Портпаролката на Светската програма за храна на ОН, Елизабет Бирс вчера во Женева истакна дека оваа агенција успеала да ги активира своите операции во погодените балкански држави за помалку од 36 часа од почетокот на поплавите.