Утринава почна обемна акција на МВР за пронаоѓање и лишување од слобода на лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановската Дива Населба.
Според информациите до кои дојде Нетпрес, веќе се приведени неколку јатаци и согласно договорот со надлежниот обвинител за гонење организиран и сериозен криминал, веднаш ќе се носат пред надлежниот судија.
Продолжуваат уште неколку претреси во скопско и кумановско.