
Шоко Асахара, лидер на апокалиптичниот култ одговорен за нападот со смртоносниот гас сарин во станицата на метрото во Токио во 1995 година, денска бил егзекутиран заедно со уште шестмина негови следбеници, објавија јапонските медиуми.
Портпаролката на јапонската влада, Јошихиде Суга, потврди дека Асахара бил егзекутиран со бесење.
Асахара, заедно со уште 12 други членови на неговиот Aum Shinrikyo култ беше осуден на смрт за серија злосторства во кои учествуваа вкупно 27 лица, вклучително и нападот со сарин во метрото во Токио, каде што 13 лица загинаа,а повеќе од 6.000 беа повредени.
Агенцијата Kyodo објави дека освен Асахара, уште шест членови на култот биле егзекутирани. Тие беа првите осудени лица на смрт врз кои беше извршена смртна казна, бидејќи судскиот процес против сите членови на култот заврши во јануари годинава.
Јапонија е една од ретките развиени земји во светот кои извршуваат смртни казни.