
Институтот за трансфузиона медицина информира дека се обезбедени вкупно 187 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со Covid-19, од кои 98 единици се обезбедени преку стандардно дарување и 89 единици конвалесцентна плазма преку аферезна процедура од вкупно 38 донор.
Вкупно 136 дарители донирале плазма, со која се третирани околу 170 пациенти со Covid-19.
„Со ваквиот највисок чин на хуманост, граѓаните кои се оздравени имаат можност да им помогнат на оние кои во моментов се борат со коронавирусот. Да им помогнеме на лицата кои во моментов се борат со коронавирусот – да донираме ковалесцентна крвна плазма, апелира Институтот за трансфузиона медицина до сите оздравени пациенти кои имале Covid-19“, соопшти Министерството за здравство.
Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго заболено лица. Лицето дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од Covid-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
„нститутот за трансфузиона медицина е достапен во секое време и сите оздравени пациенти кои ги исполнуваат условите за дарители, може да се јават за детални информации и закажување во Институтот за трансфузиона медицина, да ја покажат својата хуманост и да помогнат во лекувањето на другите заболени со Covid-19“, се додава во соопштението.