Обезбедувањето на Ковачевски се заканило на новинар дека ќе биде приведен за поставено прашање (ВИДЕО)

Обезбедувањето на премиерот Димитар Ковачевски се заканило на новинар дека ќе биде приведен зашто му поставува прашање на премиерот.

„Утро со премиерот, плус подоцна во разговор порака од обезбедувањето на премиерот, дека за ваков потег сум можел да бидам приведен“, пишува на Фејсбук новинарот Матеја Петровски од ТВ Алфа.