Обезглавени 12 странци во Мозамбик

Исламиситчките милитанти обезглавија дванаесет странци во Мозамбик, а националноста на убиените засега е непозната, пренесе ноќта кон петокот весникот Times повикувајќи се на локалната полиција.

Обезглавените тела на жртвите биле пронајдени во близија на хотел во центарот на јужниот град Палма, кој беше заземен од џихадистите кон крајот на март, изјавил за весникот началникот на локалната полиција.

„Вкупно ги има дванаесет, сите се странци… Не знам од која националност се, но сите се бели… Тие беа обезгалвени (…), рацете им беа врзани“, рекол неименуваниот полициски офицер.

Џихадистичката терористичка организација Исламска држава минататас едмица објави дека го заземала мозамбешкиот град Палма, за кој борбите се водеа од 24-ти март. . Очевидци тогаш за светските агенции сведочеа дека телата на убиените лежат на улиците на градот, а на некои им е отсечена главата.

На 2-ри април, локалните власти соопштија дека милитантите биле целосно потиснати од градот. Џулија Вачаве од Здружението за заштита на правата на жените, тогаш изјави дека повеќе од осумилјади луѓе тогаш го напуштиле градот.

Покраината Кабо Делгадо, во којашто се наоѓа градот Палма со 75.000 жители, од 2017 година е цел на нападите на исламистите поврзани со џихадистичката организација Исламска држава.

Француската команија „Total“, која работи на наоѓалиштето на природен гас, соопшти дека ги запира активностите на градба на постројките по нападот на исламистите на градот, и дека ќе задржи само „минимален број“ вработени. Претходно во средата, на денот на нападот, компанијата најави продолжување на работите на јасните постројки кои треба да проработат во 2024 година.
Франциски „Total“ е главниот инвеститор во овој меѓународен проект проценет на 60 милиони долари, во кој уште улествуваат и италијански „Eni“ и амрикански „ExxonMobil“.