Селекторот на репрезентацијата на Нигерија, Гернот Рор е горд на својот тим и покрај поразот од Аргентина 2:1, со кој африканската селекција ја загуби шансата за пласман во втората фаза од Светското првенство.
Африканците беа во игра со нерешен резултат до 85 минута, кога Рохо погоди за победа на „Гаучосите“.
Ова е големо разочарување, одлично игравме во второто полувреме, ни фалеа само неколку минути, но јас сум горд. Имаме многу млад тим кој ќе биде многу силен за четири години, а ваквите натпревари го градата нашиот карактер. Им благодарам на нашите навивачи кои поминаа долг пат за да не подржат. Се чувствувавме воглавно каако да играме на гостински терен, но не е работата во квантитетот, туку во квалитетот. Мислам дека нашите навивачи се најдобри, изјави Рор.
Дамка на натпреварот остави играта со рака на Рохо откако ја удри топката со глава при резултатот 1:1, но судијата Чакир откако ја прегледа снимката одлучи да не досуди уште еден пенал за Нигерија.
Верувам дека тоа беше рака. Уште не сум ја видел снимката, но тешко е на судијата да одлучу, дури и е тешко и да се направи вистинска интерпретација на видеото. Некогаш сантиметри одлучуваат дали ќе изгубите или победите. Морам да кажам дека за нас е малку чудо што воопшто добивме еден пенал, додаде Рор.
Капитенот Џон Оби Микел, исто така, рече дека е горд на тимот.
Така е како што е, направивме се што можевме, особено ги притиснавме во второто полувреме. Едноставно не ни беше судено, ова е млад тим и ние ќе бидеме поподготвени за четири години. Горд сум на соиграчите и она што го постигнавме, мораме да продолжиме вака. Благодарност до сите навивачи кои дојдоа во Русија, но и на оние дома, рече Микел.
Триесет и едногодишниот Микел се надевана наредниот мундијал пак ќе биде дел од овој тим.
Се надевам дека за четири години че бидам со овие добри момци, никогаш не сум бил во ваков тим порано. Неверојатно момчиња, забавни, вистински соиграчи, одличен стручен штаб. Имаме играчи кои случаат и сакаат да напредуваат, а тоа е важно за нигерискиот фудбал, вели Микел.