Се уште ни трага ни глас од исчезнатата скопјанка Лидија Трајковска. Керката на исчезнатата Лидија, за ,,Фокус” рекла дека добиле повици од многу граѓани кои наводно ја забележале, но се работело за други жени, односно се препознале.
Од семејството вознемирено раскажуваат и дека добиле порака со обид за изнуда на пари, во замена за информација за тоа каде се наоѓа Лидија. Пораката била преку whatsapp при што им побарале да уплатат 500 евра на трансакциска сметка.
Откако ќе ги уплателе тие пари, наводно ќе им кажеле нешто што знаат за Лидија, па потоа ќе требале да доплатат уште 500 евра.
Семејството изјавило дека ова го пријавиле во полиција, а според нив, лицето не го познаваат.