Обид за продажба на ураниум со ознаката „Made in USA“ во Индија

Седум лица се уапсен во источната индиска сојузна држава Џарканд при обид да продадат шест килограми ураниум, со фалсификувани документи за потеклото наводно од Соединетите држави, објавија во неделата тамошните власти.

Како што се наведува во прилогот на телевизијата India TV, Џарканд е една од индиските сојузни држави во кои има рудници за ураниум.

„Запленивме жолтеникава материја и ќе ја испратиме за експертиза. Сѐ уште не е јасно како ракувале со радиоактивниот метал. За време на испитувањата во полицијата, рекле дека го добиле од некој од сојузната држава Западен Бенгал, а потоа рекоа дека го одбиле од градот Гиридх (во Џарканд), како и други места“, изјавил супервизорот на локалната полиција, Чандан Кумар Џа.

Истакнал дека полицијата ги извела рациите откако добила информација за нелегална продажба на ураниум. Според првичните сознанија, криминалците планирале да продадат килограм ураниум за 5 милиони рупиии, или околу 68.500 американски долари.

Од полицијата додале дека во тек е истрага за приведување на заинтересираните купувачи и утврување на целите за набавката на ураниумот. Притоа истакнале дека на пакувањата на радиоактивната материја биле ставени печати со натписот „Произведено во САД“. Поради тоа истовремено се проверува дали печатите се веродостојни или криминалците самите ги изработиле.

Станува збор за третиот случај на заплена на значително количество ураниум во Индија од поединци во неколкуте последни години и втор за два месеца. Во мај годинава, имено, полицијата во државата Махараштра привела двајца мажи кои се обиделе да продадат повеќе од седум килограми ураниум преку интернет.

Според одделот за контратероризам во Махараштра, запленетите материјали биле процинето на сума на околу 2,9 милиони американски долари. Индискиот ценатар за атомски истражување Бабхи во овој случај потврдил дека запленетиот материјал бил високо радиоактивен.

Во 2016 година полицијата во Махараштра заплени речиси девет килограми осиромашен ураниум во областа Тан.