Млада 32- годишна жена денеска во 18 часот се фрлила од железничкиот надвозник на булевар „3-та Македонска Бригада“ во близина на Стара амбуланта Пролет.
Станува збор за обид за самоубиство.
-Денеска во 18,03 часот во Итна медицинска помош добиена е дојава за потребна медицинска асистенција во близина на железничкиот надвозник на бул. „3-та Македонска Бригада“ во близина на Стара Амбуланта „Пролече“. Женско лице на возраст од 32-години со возило на Брза пошом пренесена е во Ургентен Центар „Мајка Тереза“ и ќе биде задржана на КАРИЛ, за дополнителни прегледи и опсервација. Увидна екипа на МВР во моментов се наоѓа на лице место, информираат од МВР.