Обид за самоубиство попладнево се случил во Скопје во близина на мостот Обединети нации.Како што дознава Курир, 63-годишниот скопјанец Ц.Т. околу 17:30 часот се фрлил во водите на реката Вардар, обидувајќи се со давење да си го одземе животот.
За среќа скопјанецот не успеал да се самоубие, бидејќи набрзо бил изваден од водите од страна на случаен минувач, по што без повреди е пренесен во ГОБ „8 Септември“.