Пред зградата на судот во Истанбул, денеска е изведен обид за убиство на познатиот турски новинар и уредник Џан Дундар, пренесува БТА..
Напаѓачот со пиштол неколку пати пукал кон Дундар, ранувајќи еден телевизиски новинар во коленото, по што го спуштил оружјето пред камерите и и се предал на полицијата, пренесоа француските меидуми.
Дундар во атентатот минал без повреди.
На Џан Дундар, главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, и Ердем Ѓул, шефот на бирото на весникот во Анкара, им се суди за шпионажа и откривање државни тајни . Во мај 2015 година тие објавија видео снимка за тоа како турската тајна служба МИТ во јануари 2014 година на турско-сириската граница задржува камиони за кои имало сомненија дека транспортираат оружје, наменето за исламистичките бунтовници во Сирија.