Кривична пријава за убиство во обид поднела полициската станица од Кичево против А.А. (55) од кичевското село Горно Строгомиште, кој исто така добил и притвор од 48 часа, информира СВР Охрид.
Пријавениот во саботата со намера да убие испукал еден куршум кон И.С. од селото Зајас ранувајќи го во левата натколеница.
Настанот се случил околу пладне на улицата Маршал Тито во Кичево. Откако се сретнале, двајцата почнале да се расправаат, а потоа и да се тепаат, по што А.А. извадил пиштол марка „Црвена застава“ калибар 7,65 милиметри што го поседувал со одобрение и испукал еден куршум. Набрзо потоа, тој е приведен во полициската станица во Кичево.