
Од 15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки камиони на превојот Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар, соопштија од АМСМ.
Од таму информираат дека има обилни снежни врнежи на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот превој Стража, како и на патниот правец Маврово – Дебар.