Министерството за транспорт и врски објави јавен повик за доставување на барања за доделување на финансиска поддршка на авиокомпании.
Финансиската поддршка се однесува за период од 2019-2021 година за воспоставување на нови линии од “Меѓународен aеродром Скопје” и аеродромот “Св. Апостол Павле” во Охрид. Сите заинтересирани компании ќе можат да достават барање за финансиска поддршка до министерството за транспорт и врски најдоцна до 12. 10. 2018 година до 12 часот, кога ќе се оддржи и јавното отворање. Јавниот повик е објавен во домашни и меѓународни гласила, како и на веб страната на министерството за транспорт и врски.
Нашата цел како е да обезбедиме континуиран раст на авиосообраќајот во Република Македонија, а за граѓаните да овозможиме нови дестинации до Европа и светот, велат од минситерството.
Договорот со претходната авиокомпанија, Виз Ер заврши во јуни, а во меѓувреме пропадна претходниот тендер. Тендерот не беше успешен бидејќи единствената компанија која конкурираше, Виз ер, немала комплетна документација. Во меѓувреме, компанијата укина и три линии почнувајќи од оваа есен.