Објавен е оглас за побарувани занимања на пазарот на труд. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски и раководителот на Центарот за вработување на град Скопје, Слободанка Алексовска, денес остварија работен состанок со раководството на компанијата „Бато и Дивајн“ која е една од дваесетте кои што се вклучија во новата програма за обука за побарувани занимања на пазарот на труд.
Оваа програма за оваа година се спроведува во соработка со приватните компании, стопанските комори, организациите на работодавачи односно, во соработка со дваесет приватни субјекти.
Различен вид обуки за занимања
Субјектите вклучени во програмата треба да регистираат различен вид на обуки за занимања кои што се побарувани на пазарот на труд и да се вклучат во обуките преку Оперативниот план преку Агенцијата за вработуање за оваа година.
Во оваа прилика би сакал да го најавам новиот оглас кој што го објавуваме во соработка со Агенцијата за вработување за обука за побарувани занимања на пазарот на труд за 220 невработени лица кој што излегува денес. Би сакал да ги повикам сите невработени лица кои што сакаат да се стекнат со работно искуство во реални работни услови во самите компании да се обучат на механизацијата и на машините кои што едноставно функционираат во приватните компании за занимања и вештини кои што се побарувани на пазарот на труд со тоа да се зголемат нивните способности и вештините кои ги поседуваат а со тоа да се зголеми нивната вработливост и можностите побрзо да стигнат до работно место. За реализација на оваа мерка обезбедивме вкупен финансиски износ од 12.000.000 денари, изјави Спасов.
Паричен надомест и за компаниите и за невработените лица
Компаниите и приватните провајдери кои што учествуваат во реализација на обуката за работните места вклучени во објавениот оглас за побарувани занимања на пазарот на труд ќе добијат до максимум до 30.000 денари за 1 лице, додека невработените лица кои што ќе ја посетуваат обуката месечно ќе доиваат околу 6.200 денари во траење од 4 месеци.
Процентот на успешност е на задоволително ниво, односно откако се реализира оваа програма учествувале 970 невработени лица додека пак 436 се стекнале со работно место односно процентот на успешност е околу 45 % што е показател на успешноста на мерката и мотиватор и понатаму да продолжиме да ја унапредуваме истата. Оваа година со учество на 20 приватни компании, очекувам и наредната година да се приклучат уште приватни компании кои што ќе овозможат обука на невработените лица во реални работни услови, објасни Спасов.
Директорот на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Влатко Поповски, истакна дека за прв пат оваа година се приклучија повеќе приватни провајдери на вакви обуки кои што со своите поквалитетни услови на обука даваат можност да имаме поквалитетни кадри кои што ќе бидат на пазарот а дел од нив ќе бидат и вработени во самите компании.
Инаку досега се имаат регистрирано од оние канцелариски работи ка, имаме помошник сметководител неговател помош на стaри лица, електричари производство, за графичари, за обработка на дрво молерски услуги, градежни работи односно се она што се бара на пазатрот на труд ние се обидуваме да го направиме, истакна Поповски.
Управителот на фирмата, Марија Батиќ, изјави дека е многу задоволна од соработката со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување при што овој циклус на проектот резултираше со голем успех особено во компанијата Дивајн каде што веќе од лицата кои што доаѓаат на обука.
Како што посочи по завршување на циклусот постои голема можност да вработат дел од нив за нивна понатамошна наобразба во самиот производен процес.
Инаку, сите заинтересирани за објавениот оглас за побарувани занимања на пазарот на труд треба да ја посетат веб страната на Агенцијата за вработување.