бруто плата со обврска работникот да биде задржан на работа дополнителни шест месеци.
Доколку работодавачот се одлучи за овој модел на погодности, субвенцијата ќе се исплаќа во два износа – еден понизок за лицата кои немаат квалификации и еден повисок за оние лица со повисок степен на образование или кои ќе бидат вработени на места на кои се извршуваат покомплексни работни задачи.
Понискиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 14.900 денари по вработено лице, а повисокиот износ на субвенцијата е бруто месечна плата од 17.000 денари по субвенционирано вработување. Дополнително на ова, во текот на првите 6 месеци од периодот на субвенционирано вработување на работодавачот ќе му се исплаќаат по 5.000 денари по вработено лице преку оваа програма и истите ќе бидат наменети за покривање на трошоците за обука и материјали.