Добро информираниот новинар Миленко Неделковски во вторникот објави на социјалните мрежи листа на којашто фигурираат имиња на лица за кои тој има сознанија дека ќе бидат приведени или притворени следните денови во врска со случајот „Рекет“ на македонски бизнисмени за кој засега 30-дневен притвор им е одреден на сопственикот на 1ТВ, Бојан Јовановски и на бизнисменот Зоран Кичеец
На листата на Неделковски, за којашто наведува дека може да претпрпи и измени, покрај Катива Јанева, се наоѓаат уште двајца обвинители од СЈО кои досега не беа споменувани – Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски, како и Леле Стефанова.
Фигурира и семејтвото Ременски, односно пратеничката од владејачката СДСМ, ФросинаТашевска Ременски и нејзиниот сопруг Јовче Ременски, кој сега висок функционер во Министерството за внатрешни работи, генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, сега веќе сменетиот генерален серкетар на СДСМ, Александар Кирацовски….
Неделковски, исто така, наведува дека во запленетиот мобилен телефон на Катица Јаенва се најдени резговори со првоосомниечниот во случајо – Бојан Јовановски алијас Боки 13-ка, меѓу кои и оној кога тој наводно ја вклучил а да се слуша при негов состанок со бизнимсеното Орце Камчеви при што таа уверува дека „сѐ ќе се среди“.
Катица Јанева, во моментов не е во притвор само поради заштита од амбасадата на САД, наведува уште Неделковски. Меѓутоа, според неговите сознанија, од „бугарската страна“ уште денеска на новата американска амбасадорка во Скопје ќе ѝ бидат доставени нови докази кои наводно ја товарат дополнително претседателката на СЈО.