
Фотографија на маж вооружен со автоматска пушка во трговскиот центар во Ел Пасо, на западот од американската сојузна држава Тексас, во кој се случи масовно пукање во саботата претпладнето по локално време, дошла во посед на руската агенција РИА.
На фотографијата, која најверојатно потекнува од надзорна камера, се гледа како маж со автоматска пушка цели кон нешто. Цртите на лицето на наводниот осомничен не може јасно да се препознаат.
Како што соопшти претходно телевизиската мрежа NBC News, станува збор за 21-годишниот жител на Далас, Патрик Крузиос. Според други информации, осомничениот живеел во градот Аллен, исто така, во Тексас.
Полицијата на Ел Пасо потврди дека привела едно осомничено лице за масовното пукање на територијата на локалниот мол, но засега не го потврди неговиот идентитет.
Истовремено, локалните медиуми објавија дека Крузиос на својот профил на Twitter објавил манифест од неколку страници во кој се солидаризијаа со Австралиецот 28-годишниот Брентон Тарант, кој во март годинава во напади врз две џамии во новозеландскиот град Крајсчрч уби 50 луѓе, а рани уште 50 други.
Крузиос во „манифестот“, исто така, изјавува дека со своите постапки ја „штити“ својата земја од странска „инвазија“. Тој, покрај тоа, верува дека клутурата и економија на САД страдаат од напливот на доселеници.
За нападот во Ел Пасо медиумите објавија дека се убиени најмалку 19 луѓе, но полицијата досега го потврди загинувањето на само едно лице.