На интернет страницата на библиотеката основана од поранешниот американски претседател Бил Клинтон, објавен е транскрипт од телефонски разговори со поранешниот руски претседател Борис Елцин воден во текот на 1999 година, од кои произлегува дека првиот претседател на Русија лично го информирал Клинтон за изборот на Владимир Путин за негов наследник на должноста.
Во текот на разговорот воден на 8-ми септември 1999 година, Елцин изразл уверување дека Русите ќе го поддржат новиот челник. Тој признава дека долго време размислувал за личностите кои може во 2000 година да застанат на чело на земјата. Извесно време Елцин не можел да најде ниеден погоден кандидат, според записот.
„На крајот од краиштата налетав на него, тоа е Путин“, му соопштил Елцин на Клинтон.
Како што натаму раскажува првиот руски претседател, според транскриптот, тој ја проучувал биографијата на Путин, неговите врски и интереси, по што сфатил дека станува збор за надежна личност, којашто добро ја сфаќа сопствената одговорност. Како позитивни квалитети на Путин, натаму Елцин ги наведива „темелноста и силата“, а исто така и „дружељубивоста“.
Како што истакнал Елцин, тој е убеден дека неговиот американски колега ќе буде уверен во тоа дека новиот руски лидер ќе биде „висококвалификуван партнер“.
По истата тема, Елцин имал уште еден разговор со Клинтон, датиран од 19-ти ноември истата година, кога тогашниот руски претседател изразил убеденост дека Путин ќе стане претседател на Руската Федерација.
„Се разбира, Путин. Тој ќе биде наследникот на Елцин, Тој е демократ и го познава Западот“, одговорил Елцин на прашањето од Клинтон за тоа кој ќе победи на руските претседателски избори следната година.
Клинтон во тој период веќе имал можност да се сретне и да разговара со Путин на самитот на АПЕК во Оукленд. Според американскиот челник, за Путин тогаш добил впечаток како за многи умен човек. Елцин во одговорот вели дека Путин поседува „внатрешно јадро“ и ќе стори сé што е можно во рамките на законот за да победи.
„И тој ќе победи. Ќе работите заедно“, истакнал Елцин ветувајќи дека тој ќе (Путин) ја продолжи линијата на својот претходник на развој на демократијата и економијата, како и проширување на меѓународните односи на Русија. Како што истакнува во разговорот првиот руски претседател, Путин „има енергија и ум, за да успее“.
Елцин го назначи Путин за вршител на должноста премиер на 9-ти август 1999 година, истиот ден прогласувајќи го во обраќање до јавноста за негов наследник. Потоа на 16-и август, Државната Дума ги потврди Путин како шеф на владата. На 31-ви декември истата година, Елцин ја објави својата оставка, по што Путин стана вршител на должноста претседател на Руската Федерација на 26-ти март тој победи на претседателските избори уште во првиот круг.